Прва лигаФудбал

Арсими со пораз го отвори подготвителниот циклус во Хрватска

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Фудбалерите на Арсими 1973 го одиграа првиот контролен натпревар во рамките на зимските подготовки во Хрватска, каде во Медулин беа поразени од хрватскиот Вуковар со 4-0.

Иако конечниот резултат е убедлив во корист на противникот, од таборот на клубот потенцираат дека настапот во првото полувреме бил охрабрувачки. Арсими одигра дисциплинирано и организирано, а првиот дел заврши со минимална негатива од 1-0.

Во продолжението, стручниот штаб им даде можност на помладите фудбалери и на неколку играчи од клупската академија, што Вуковар знаеше да го искористи и со поефикасна игра да ја зголеми разликата до конечни 4-0.

„Жолто-црните“ продолжуваат со интензивната подготвителна фаза, а следната проверка е закажана за сабота, кога Арсими ќе се соочи со силниот хрватски состав на Славен Белупо, натпревар кој треба да даде појасна слика за формата пред стартот на пролетниот дел од сезоната.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар постави откупна клаузула од 1.500.000 евра за Роџерс Касим Мато

Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, официјално соопшти дека Управата на клубот донела одлука да утврди откупна клаузула во износ од...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со големиот талент Зани Назифи

Второлигашот Шкендија Арачиново го промовираше петтото зимски засилување во своите редови, откако официјално го претстави Зани Назифи како нов играч. Се работи за...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар постави откупна клаузула од 1.500.000 евра за Роџерс Касим Мато

Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, официјално соопшти дека Управата...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со големиот талент Зани Назифи

Второлигашот Шкендија Арачиново го промовираше петтото зимски засилување во своите редови, откако...

Втора лигаФудбал

Јордановски се враќа на фудбалските терени по повредата – тој е слободен агент!

Фудбалерот Кристијан Јордановски после операцијата на коленото и паузата од шест месеци...

Втора лигаФудбал

Голманот Баки Алиу си замина од второлигашот Шкендија Арачиново

По шест месеци голманот Баки Алиу си замина од редовите на второлигашот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!