Ракомет

Ѓукиќ со пофалби за македонската Супер Лига: „Македонците се ракометни фанатици“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во интервју за српскиот портал MozzartSport, ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Ѓукиќ, зборуваше за претстојното Европско првенство, но дел од разговорот го посвети и на настапите во македонската Супер Лига, при што упати низа пофалби за квалитетот на Лигата и за резултатите што охридскиот тим ги оствари во првата полусезона.

Иако фокусот на опширното интервју е насочен кон претстојното Европско првенство, Ѓукиќ, не ја заобиколи темата македонска Суперлига, за која зборува со голем респект и многу пофалби.

Српското крило, кое во кариерата настапуваше и за Вардар 1961 и Металург, истакна дека престојот во Македонија му донел силен впечаток, особено поради интересот и страста на публиката кон овој спорт.

„Во Македонија луѓето се луди по ракометот. Играв за Вардар 1961 и Металург, а сега сум во Охрид. Мислам дека направивме одлични резултати во првата полусезона, веројатно малкумина го очекуваа тоа од нас“- изјави Ѓукиќ.

Според него, успехот на охриѓани не е случаен, туку резултат на квалитетна работа и добра форма на целиот тим, што се потврди и против најсилните ривали во првенството.

„Добро работевме, сите играчи беа во солидна форма и тоа се покажа на теренот. Приредивме изненадувања, им го зедовме скалпот на неколку фаворити. Ги победивме Еурофарм Пелистер и Алкалоид, што е многу важно за тимот.“

Исто така, Ѓукиќ нагласува дека Охрид и понатаму е конкурентен во трката за врвот, иако признава дека Вардар 1961 досега покажал најмногу.

„И натаму сме во шампионската трка, иако мора да признаеме дека Вардар 1961 досега покажа најмногу. Ќе се бориме за врвот додека имаме можност, но се фокусираме и на настапот во ЕХФ Купот. Засега останувам во Охрид, во текот на летото потпишав договор на две години.“

Посебен акцент српскиот репрезентативец стави и на популарноста на македонската лига во европски рамки.

„Македонците се ракометни фанатици. Првенството е меѓу најследените во Европа, многумина ги интересира што се случува во македонската Супер Лига.“

Во меѓувреме, Ѓукиќ ги завршува клупските обврски и се подготвува за настап на Европското првенство, каде со репрезентацијата на Србија ќе игра во групата А против селекциите на Шпанија, Австрија и Германија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!