Прва лигаФудбал

Вардар означи старт на подготовките и камп во Анталија со силни проверки

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД Скопје
Сподели

Есенскиот лидер во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар, официјално ги започна подготовките за продолжението од сезоната. „Црвено-црните“ денеска го имаа првиот собир и тренинг во тренинг-центарот „Хиподром“, со што беше означен стартот на зимскиот подготвителен период.

Првата фаза од подготовките ќе се одвива во Скопје, а на 13 јануари вардарци заминуваат во Сиде, Турција, каде што ќе престојуваат до 3 февруари. Во Анталија ќе се темпира формата преку шест пријателски натпревари, од кои пет веќе се договорени. Ривалите доаѓаат од неколку европски шампионати, што ќе биде вистински тест за формата на тимот.

На првата прозивка не беа присутни странските фудбалери Роџерс Мато, Фаустин Сенхор, Ибрахим Олаосебикан и Ворен Чимпембе, кои дополнително ќе му се приклучат на тимот во Скопје. Од клубот информираат дека во овој момент не се планираат нови засилувања, бидејќи стручниот штаб смета дека постојниот ростер е доволен за предизвиците што следуваат. Можно е да има одредени заминувања, но станува збор за фудбалери со мала минутажа.


Распоред на пријателските натпревари:

  • 17.01 – Јаблонец (Чешка)

  • 20.01 – противник во најава

  • 23.01 – Мотор Лублин (Полска)

  • 26.01 – Махачкала (Русија)

  • 29.01 – Акхмат Грозни (Русија)

  • 02.02 – Алашкерт (Ерменија)

Вардар во пролетниот дел влегува како лидер на табелата со 42 бодови, еден повеќе од Струга, и со јасна цел – напад на шампионската титула и освојување на Купот на Македонија.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!