Прва лигаФудбал

Вардар одби 350.000 евра за Мато – понуда од Шкотска!

Сподели
ФОТО: ФК Вардар
Сподели

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар, доби понуда од 350.000 евра за Кассим Рогерс Мато, кој има одлични настапи со Уганда на Африканскиот Куп на Нации, како и во дресот на Вардар.

Понудата за фудбалерот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб пристигна од екипата на Хартс од Шткоска, но истата од скопскиот тим веднаш е одбиена.

„ФК Вардар АД доби понуда за продажба на играчот Кассим Рогерс Мато од екипата на Хартс од Шкотска, во висина од 350 000 евра, која беше одбиена без размислување. Управата и стручниот штаб на ФК Вардар целат кон освојување на двете титули во македонскиот шампионат, како и поубедлив настап на следните европски натпреварувања. Така што речиси воопшто не се ни размислуваше за продажба на најдобриот стрелец во лигата со постигнати 12 погодоци во полусезоната што помина. Кассим Рогерс Мато е целосно заздравен од повредата (скршеница на стапало), поради која отсуствуваше од неколку натпревари, и во полна форма го очекуваме на почетокот на вториот дел од сезоната на 1 ПМФЛ“, се вели во соопштението на лидерот во фудбалската елита на Македонија.

Вардар со 42 бодови е на врвот во ПМФЛ, еден повеќе од Струга Трим Лум која е втора, а „вардарци“ оваа сезона атакуваат на двојната круна.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите, откако на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ загубија од полската...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако во „Т Арената“ го совлада Скопје со 102:98 во натпревар со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!