Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Лазаров: Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Ракометната федерација на Македонија и селекторот Кирил Лазаров ја продолжија соработката до 2029 година, односно за плус три години.

Селекторот Лазаров ја презеде репрезентацијата во 2021 година во улогата на играч и селекторот, а потоа комплетно само како селекторот.

Тој истакна дека следува период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања.

На заедничко задоволство ја продолживме соработката со Ракометната федерација на Македонија. Водењето на национален тим, поготово на својата земја, е голема чест и одговорност. Благодарен сум за укажаната доверба и поддршка. Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност ќе продолжиме да работиме на напредокот на националниот тим и достоинствено претставување на Македонија, со фокус на стабилност и резултати на долг рок“, изјави селекторот Кирил Лазаров.

Македонија на Европското првенство кое започнува на 15 јануари е во група со Данска, Португалија и Романија. ЕП го отвара против Данска на 16 јануари, два дена подоцна против Португалија, а пак на 20 јануари ќе играме со Романија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките до 20 години со пораз од Романија ги отворија БВА квалификациите

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години со пораз ги започна...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ и ВИА ФАРМ со ново партнерство за медицинска поддршка на репрезентациите

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Успешно ЕП до 16 години, Македонија доби високи оценки од FIBA Europe!

Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!