Прва лигаФудбал

Брера Струмица на 9 јануари ги „пали моторите“ – ќе има неколку засилувања!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Младиот стратег Мартин Алаѓозовски на 9 јануари ја закажа првата ждрепка и првиот собир на прволигашот Брера Струмица со што ќе започнат подготовките за пролетната полусезона.

Ќе има промени во ростерот на струмичкиот прволигаш, од тимот заминаа Фахд Нзенгуе, Фодеј Травали, Хаџи Драме и Мануел Куестас кој беше на позајмица од Вардар.

Според информациите на Спортска Мрежа се водат интензивни преговори за засилувања кои во следниот период ќе треба да бидат промовирани. Како што дознаваме струмичкиот прволигаш преговара на позиција десно крило и напаѓа, како и двајца играчи од среден ред.

Според нашите информации тимот ќе замине и на подготовки, а веќе во следните денови ќе биде позната и локацијата каде Брера ќе ја темпира формата за пролетниот дел.


На 15 јануари ќе биде првиот пријателски тест со Шкендија, а на 7 февруари ќе има тест со второлигашот Детонит Плачковица, а ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари за време на главната фаза од подготовките за што противниците исто така ќе бидат познати деновите.

Струмичани под водство на младиот стратег Мартин Алаѓозовски одиграа одлична есен и завршија на седмото место со освоени 19 бодови, а во пролетниот дел тимот ќе се бори да го потврди директниот опстанок во фудбалската елита на Македонија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!