Ракомет

Крај на соработката: Орјоникидзе спогодбено заминува од Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Иако имаше важечки договор до јуни, грузискиот репрезентативец- Теимураз Орјоникидзе, повеќе нема да биде дел од составот на Охрид во продолжението од сезоната.

Поради повредата што ја заработи на репрезентативен настап минатиот мај, левиот бек не успеа да се врати целосно во натпреварувачки ритам и нема да може да му биде на располагање на тренерот Борис Ројевиќ.

Во консултација со клубот, беше донесена одлука двете страни спогодбено да се разделат и Орјоникидзе да ја продолжи кариерата во средина каде што би можел да добие поголема минутажа.

Дополнителен фактор во оваа одлука е и фактот што Охрид располага со вкупно 11 странски ракометари, а за плеј-офот право на настап ќе имаат само деветмина.

Орјоникидзе пристигна во Охрид пред две сезони од финскиот Рихимаки Кокс и остави силен впечаток со своите одлични партии до моментот на повредата. Иако клубот сметаше на него на подолг рок, сепак околностите наметнаа спогодбена разделба.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!