Прва лигаФудбал

Шкупи најслаб тим во Европа – македонскиот прволигаш на дното!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Македонскиот прволигаш Шкупи е најслабиот тим во Европа, откако Вулверхемптон со 3:0 го доби Вест Хем и со тоа стигна само до првата сезонска победа во Премиер лигата и тоа дури во 20. коло.

Екипата на Вулверхемптон има учинок од една победа, три ремија и 16 порази, а на своето конто шест бодови.

Сега тимот на Шкупи го имам приматот на „најслаб тим“ во Европа, откако се наоѓа на дното со едно реми и 15 порази од шеснаесет кола.

Во друштвото на „најслаби“ екипи во Европа е Паралимни од Кипар со едно реми и 14 порази, па следува Арарат од Ерменија со три ремија и 12 порази, потоа тимот на АФС од Португалија со четири ремија и 11 порази, тимот на Сан Марино Академија У22 од Сан Марино има три ремија и 11 порази, а пак Есперанса од Андора е со учинок од две ремија и десет порази.


Македонскиот прволигаш е „најлошиот“ во Европа, тимот остана и без тренер откако Минас Османи поднесе оставка, а претходно Шкупи го водеше турскиот стратег Умит Шахин, па така Шкупи ќе го добие третиот тренер сезонава.

Минатата есенска полусезона Шкупи презими на шестото место со 22 бодови, а оваа зима е на дното со само еден бод и практично најсериозен кандидат за испаѓање во Втора лига.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!