Останато

ФОТО: Реконструкција на мултифункционалното игралиште во СОУ „Јане Сандански“ во Струмица

Сподели
ФОТО: Петар Јанков градоначалник на општина Струмица | facebook
Сподели

Во Струмица во тек е реконструкција на мултифункционалното спортско игралиште кое се наоѓа во склоп на СОУ „Јане Сандански“, со што се прави значаен чекор кон унапредување на спортската инфраструктура во градот. Проектот има за цел да обезбеди современи услови за спорт и рекреација, како за учениците, така и за пошироката јавност.

Реконструираниот простор ќе опфаќа фудбалско и кошаркарско игралиште, изработени со модерна полипропиленска подлога, која овозможува поголема безбедност, издржливост и квалитет при користење.

Игралиштето првенствено ќе им служи на учениците од училиштето за наставни и воннаставни активности, но ќе биде отворено и за локалните спортски клубови, како и за граѓаните на Општина Струмица.

ФОТО: Петар Јанков градоначалник на општина Струмица | facebook

„Реконструкцијата е финансирана од Министерството за спорт со поддршка од Општина Струмица. Голема благодарност за овој проект до Министерството за спорт“, рече градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков.

ФОТО: Петар Јанков градоначалник на општина Струмица | facebook

Со реализацијата на овој зафат, Струмица добива уште еден квалитетен спортски капацитет, кој ќе придонесе за поголема вклученост на младите во спортот и ќе создаде подобри услови за развој на училишниот и рекреативниот спорт во градот.

ФОТО: Петар Јанков градоначалник на општина Струмица | facebook

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако во „Т Арената“ го совлада Скопје со 102:98 во натпревар со...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од Втората лига, поради неисплатени обврски, клубот се суспендира од натпреварување во...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!