ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Ренџерс со моќен пресврт го покори Селтик, Миовски доби симболични минути

Сподели
ФОТО: Rangers FC
Сподели

Глазгов Ренџерс приреди вистински спектакл во најголемото дерби на шкотскиот фудбал, совладувајќи го Селтик со 3-1 на „Селтик Парк“ во рамките на 21. коло од Премиершипот. Иако домаќинот имаше предност по првото полувреме, вториот дел донесе целосна доминација на „полицајците“ и убедлив пресврт.

Селтик ја искористи иницијативата во воведниот дел од натпреварот и поведе со погодокот на Хјун Јун Јанд, но тоа беше сè од „детелините“. По паузата, Ренџерс влезе со далеку поагресивен пристап, што брзо даде резултат. Португалецот Шермити се истакна како клучна фигура и со два гола го сврте текот на дербито, носејќи огромна радост кај гостинските навивачи. Точката на натпреварот ја стави Мајки Мур, кој во 71. минута прецизно погоди за конечни 1-3.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски шанса за настап доби во самиот финиш на средбата, влегувајќи во игра во судиското надополнување. Неговиот престој на теренот беше краток, а по еден дуел експресно заработи и жолт картон.

Со освоените три бода, Ренџерс го фати приклучокот со Селтик на табелата, при што двата тима сега имаат по 38 бодови. Воедно, заостанувањето зад лидерот Хартс е намалено на три поени, што дополнително ја вжештува трката за шампионската круна. Шкотскиот Премиершип влегува во фаза каде секој кикс може да биде пресуден, а битката меѓу големите ривали најавува исклучително возбудлив продолжеток на сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!