Втора лигаПрва женска фудбалска лигаПрва лигаФудбал

Еве кои се условите и роковите за полагање за судии за Прва и Републичка категорија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Одборот на судии при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), согласно Правилникот за судии и судење, ги информира сите заинтересирани кандидати за условите, потребната документација и роковите за полагање за стекнување на звање судија со Прва и Републичка категорија.

Кандидатите се должни најдоцна до 12 јануари 2025 година (понеделник) да ја достават комплетната документација до ФФМ.

  • Услови и документација за полагање за Прва категорија

Кандидатите кои аплицираат за стекнување звање судија со Прва категорија треба да достават:

  • Потврда за квалитетно судење во Третата лига
  • Извод од МКР како доказ дека кандидатот не е постар од 30 години, односно 32 години доколку е поранешен фудбалер
  • Потврда дека најмалку две години е на листата на судии во Третата лига
  • Потврда дека нема слаба оцена, негативен резултат на ПФИ или фитнес тест, ниту дисциплинска казна
  • Мислење од Судиската комисија на ОФС
  • Список од најмалку 20 отсудени натпревари во Третата лига, односно 15 за поранешни играчи (со потврда од фудбалски клуб)
  • Кратка биографија (CV) и молба за полагање
  • Услови и документација за Републичка категорија


За полагање за Републичка категорија, кандидатите треба да достават:

  • Кратка биографија (CV) и молба за полагање
  • Копија од решение или уверение за стекнато звање судија од Прва категорија
  • Извод од МКР за старосна граница (до 30 години, односно 32 за поранешни играчи)
  • Список од најмалку 20 отсудени натпревари во Втора МФЛ или Куп на РМ
  • Потврда дека кандидатот најмалку две години е на листата на судии во Втора МФЛ
  • Потврда дека нема негативни резултати на ПФИ или фитнес тестови и нема дисциплински мерки
  • Мислење или писмо од надлежниот ОФС

Сите апликации мора да бидат поднесени навремено, читко и целосно, во согласност со критериумите од Правилникот, со цел да се исполнат формално-правните услови.


Полагањата ќе се одржат на почетокот на февруари 2026 година, за време на редовниот зимски судиски семинар.

Сите кандидати ќе полагаат теоретски тест за познавање на Правилата на фудбалската игра (ПФИ) со 24 прашања, при што за положен тест се потребни најмалку 20 точни одговори. Кандидатите за Републичка категорија дополнително ќе треба да изработат писмен труд на тема од ПФИ, која ќе им биде доделена од Комисијата.

Одборот на судии при ФФМ апелира до кандидатите строго да се придржуваат до роковите и условите, со јасна напомена дека само кандидатите кои ќе ги исполнат сите критериуми и ќе остварат позитивни резултати ќе се стекнат со соодветното судиско звање.

Инаку, со Република категорија судијата стекнува право да суди во Првата македонска фудбалска лига и со тоа сите лиги под Прва лига, додека пак судија со Прва категорија суди во Втора лига и сите лиги под Втората лига.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој Тримо Требње и Војводина стигнаа до значајни победи. Словенечкиот состав Тримо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки,...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!