ИнтернационалциФудбал

Бојан Маркоски се враќа во Кипар – нов тренер на Енозис Паралимни

Сподели
ФОТО: FC Enosis Neon Paralimni
Сподели

Македонскиот фудбалски тренер Бојан Маркоски е назначен за нов предводник на кипарскиот клуб Енозис Паралимни, со што започнува ново поглавје во неговата тренерска кариера, но и во исто време означува симболично враќање во средина која одлично ја познава.

Енозис се реши за име со силна врска со клубот и кипарскиот фудбал воопшто. Маркоски како фудбалер беше дел од Енозис во периодот од 2009 до 2012 година, оставајќи длабока трага, а настапуваше и за неколку други клубови на островот, со што стекна богато искуство во локалниот шампионат.

По завршувањето на играчката кариера, Маркоски остана во фудбалот и успешно чекореше по тренерскиот пат. Работеше како помошник тренер во Етникос Ахна и АЕЛ Лимасол, а потоа доби и шанса како главен тренер, вклучително и ангажман во македонскиот прволигаш Работнички.

Од Енозис Паралимни официјално ја потврдија соработката, изразувајќи задоволство од неговото враќање и верба дека со своето знаење, карактер и познавање на клубот ќе донесе стабилност и напредок во тимот.

Со ова назначување, Маркоски добива можност повторно да се докаже на кипарската сцена, а Енозис – тренер кој ја чувствува клупската ДНК и има јасна визија за идниот развој на екипата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!