Ракомет

Александар Радосављевиќ нов тренер на МРК Куманово: Двегодишен договор и мисија – опстанок во елитата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Македонскиот ракометен суперлигаш МРК Куманово официјално доби нов шеф на стручниот штаб. Српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ ќе го води тимот во продолжението од сезоната, откако двете страни потпишаа договор со важност од две години.

Радосављевиќ во Куманово пристигнува со богато меѓународно искуство и сериозно тренерско портфолио. Последниот ангажман го имаше како тренер на РК Леотар, а во својата кариера ги предводел и клубовите Горажде, Врање, Металац Краљево, Зајечар, Железничар Сараево, како и неколку женски екипи меѓу кои Напредак, Бамби Пожаревац, Металац и грчкиот Орми Патрас.

Покрај клупската кариера, новиот тренер на Куманово има и значајно репрезентативно искуство. Бил селектор на женската јуниорска репрезентација на тогашна Србија и Црна Гора, ја водел машката кадетска селекција на Србија, како и машката сениорска репрезентација на Босна и Херцеговина.

МРК Куманово есенскиот дел од сезоната во Суперлигата го заврши на 10. место со освоени седум бодови и во пролетниот дел го очекува тешка борба за директен опстанок во ракометната елита. Клубот верува дека искуството и знаењето на Радосављевиќ ќе бидат клучни во остварувањето на оваа цел.

Дебито на новиот тренер на клупата се очекува во продолжението од првенството, каде Куманово ќе се обиде да ја подобри својата позиција и да обезбеди сигурен суперлигашки статус.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!