Прва лигаФудбал

Пелистер на подготовки во Анталија, договорени три меѓународни пријателски меча

Сподели
Сподели

Прволигашот Пелистер официјално ги утврди плановите за зимските подготовки пред продолжението на сезоната.

Битолскиот клуб ќе ги започне подготовките за вториот дел од првенството на 9 јануари 2026 година, со работен состанок и прв тренинг на стадионот „Петар Милошевски“. Со тоа, „зелено-белите“ ќе ги означат првите активности во новата година, насочени кон темелна подготовка и подигнување на формата.

Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Битола, по што екипата од 17 до 31 јануари ќе замине на подготовки во Анталија, Турција, каде што ќе биде ставен акцент на интензивни тренинзи и проверка на формата преку меѓународни пријателски натпревари.

Во текот на престојот во Турција, Пелистер ќе одигра три контролни средби:

  • 20 јануари: Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
  • 24 јануари: Пелистер – Железничар (Босна и Херцеговина)
  • 28 јануари: Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)

Паралелно со тренажниот процес, стручниот штаб ќе работи и на комплетирање на ростерот.

Исто така, на 9 јануари клубот ќе одржи прес-конференција и медиумски брифинг, на кој ќе присуствуваат претставници на клупската управа, шефот на стручниот штаб Милан Стојановски, како и дел од фудбалерите, кои ќе ги споделат очекувањата и плановите за пролетниот дел од сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!