Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Заврши паузата за ракометарите – Македонија ги продолжува подготовките за Европското првенство!

Сподели
ФОТО: Ракометна репрезентација на Македонија
Сподели

Македонската ракометна репрезентација се враќа на подготовките за Европското првенство. Паузата која ја имаа репрезентативците околу Нова година заврши и сега се враќаат во сала за продолжување на подготовките.

Македонската репрезентација е комплетна откако голманот Мартин Томовски се приклучи на подготовките, откако претходно имаше клупски обврски во Германија.

Момците на селекторот Кирил Лазаров ќе се подготвуваат од денес во следните пет дена во Скопје, а потоа на 7 јануари заминуваат за Винтертур, каде во период од 8 до 10 јануари ќе настапат на „Жолтиот Куп“, а нашата репрезентација ќе игра против Бахреин, Украина и Швајцарија.

Потоа македонската репрезентација ќе замине во Хернинг, каде ќе се адаптира на атмосферата за Европското првенство.

Македонија ЕП го отвара против Данска на 16 јануари, два дена подоцна ќе играме против Португалија, додека пак против Романија ќе играме на 20 јануари.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!