Прва лигаФудбал

Арсими со звучно засилување во средниот ред – пристигна Хоган Укпа

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Фудбалскиот клуб Арсими јасно ги најавува своите амбиции за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако го договори ангажманот на нигерискиот интернационалец Хоган Укпа.

Станува збор за 24-годишен играч за врска со значајно искуство во домашното првенство, кој зад себе има богато портфолио и докажан квалитет. Укпа беше дел од шампионската генерација на Струга Трим Лум, со која освои две титули во македонското првенство, а во тие сезони важеше за еден од најконстантните фудбалери на средината од теренот.

Во ПМФЛ, Укпа има одиграно вкупно 82 натпревари, при што постигна седум голови и запиша исто толку асистенции, а на теренот помина над 5.400 минути. Освен настапите во Македонија, тој има и интернационално искуство од Латвија, каде го носеше дресот на Лиепаја, како и настапи во својата татковина Нигерија.

Укпа се одликува со динамична игра, одлична визија и способност да покрива повеќе позиции во средниот ред – како централен играч за врска, но и во поофанзивни улоги. Во Арсими се очекува да донесе стабилност, енергија и креативност во играта.


Со овој трансфер, тимот од Чегране кој е дебитантот во фудбалската елита на Македонија испраќа јасна порака дека сака да остане конкурентен и во вториот дел од сезоната, надградувајќи го досегашниот пласман и резултати во елитното македонско фудбалско друштво.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Беласица го промовираше Филип Михаилов

Второлигашот Беласица го претстави Филип Михаилов како најново засилување за сезона 2026/2027....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!