Прва лигаФудбал

Кои се најскапите 36 фудбалери во Првата македонска фудбалска лига?

Сподели
Сподели

Додека прволигашите се на заслужен зимски одмор, ќе провериме кои се најскапите 25 фудбалери во Првата македонска фудбалска лига. Вредноста на фудбалерите е според „трансфермаркт“.

Двајцата најскапи фудбалери кои настапуваат во Првата македонска фудбалска лига според „трансфермаркт“ се проценуваат на 700.000 евра.

Се работи за Роџерс Мато кој го носи дресот на Вардар и Клинсман Цаке кој настапува за Шкендија, а се очекува да направи трансфер во Русија, односно да ја продолжи кариерата во Ахмат Грозни.

Според „трансфермаркт“ четири фудбалери се проценуваат на вреднот од 600.000 евра, а сите го носат дресот на Шкендија – тоа се Имран Фетаи, Роналдо Вебстер, Решат Рамадани и Фабрис Тамба.

Тројца фудбалери имаат вредност по 500.000 евра, од кои еден од редовите на актуелниот шампион Шкендија. Се работи за Бојан Илиевски и Басиру Компаоре од редовите на Струга Трим Лум и Александер Трумчи од Шкендија.

Шест фудбалери се проценуваат на вредност од 400.000 евра, се работи за Мирослав Матиќ од Вардар, Папе Фал од Струга Трим Лум, Ади Алиќ од Силекс, тројца фудбалери на Шкендија – голманот Бабукар Гаје, Арбин Зејнулаи и Адаму Алхасан.

Според „трансфермаркт“ вредност од 350.000 евра имаат Георгије Јанкулов и Азер Омерагиќ од Вардар, Марјан Радески од Струга, Димитар Трајков од Работнички, како и фудбалерите на Силекс – Мартин Мирчевски и Мигуел Пиреш.


На вредност од 300.000 евра „трансфермаркт“ ги проценува Алекса Јовановиќ од Македонија ЃП, Михаил Маневски од Вардар, како и двајцата фудбалери на Пелистер, Ѓорѓе Белиќ и Лука Булатовиќ.

На цена од 300.000 евра се проценети и Шефит Шефити од Арсими, Меметриза Хамза од Струга Трим Лум, Матеј Ангелов од Работнички, тројцата фудбалери на Силекс – Илија Донов, Дарко Анѓелески и Ѓорге Џеков, потоа италијанскиот голман на Струга Трим Лум, Марко Анџелети, како и Маудо Јарјуе кој исто така го носи дресот на стружани. На вредност од 300.000 евра според „трансфермаркт“ се проценуваат и тројцата фудбалери на Шкендија – Лиридон Латифи, Ендрит Красниќи и Анес Анес Мелиќии.


Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!