Ракомет

Капитенот Матеа Чурлиновска останува верна на Атлетик до 2029 година

Сподели
ФОТО: ЖРК Атлетик
Сподели

ЖРК Атлетик продолжува со јасната стратегија за стабилност и континуитет, откако клубот официјално потврди дека капитенот Матеа Чурлиновска го продолжи договорот до 2029 година. Со оваа одлука, раководството испраќа силна порака за доверба во една од клучните фигури на тимот и во иднината на клубот.

Чурлиновска, родена на 6 декември 2005 година во Прилеп, ракометниот пат го започна во ЖРК Деспина, каде што ги направи првите чекори во спортот. Потоа настапуваше за Куманово и Ѓорче Петров, за повторно да се врати во Деспина, од каде што минатата сезона се пресели во Атлетик. Со своите настапи и лидерски квалитети брзо се наметна како еден од столбовите на екипата.

Нејзиниот квалитет не остана незабележан ниту на репрезентативно ниво.

Во 2021 година Чурлиновска доби повик за кадетската селекција на Македонија, а истата година дебитираше и за сениорската репрезентација, каде што и денес е дел од националниот тим и со гордост ги брани боите на државата.

Продолжувањето на договорот со капитенот до 2029 година претставува уште еден значаен чекор за Атлетик во градењето на конкурентна и амбициозна екипа, со јасна визија за иднината и силно јадро составено од млади, но веќе докажани ракометарки.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Историски успех за Лина Ѓорческа – избори учество на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција (ова важи и за мажите бидејќи...

Останати репрезентацииРепрезентација

Ивановски и Приходко без пораз до четвртфиналето на турнирот во Загреб

Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко обезбедија пласман во четвртфиналето на ИТФ М25 турнирот во Загреб, откако остварија победи во...

Поврзани написи
Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

Ракомет

Чаневски се враќа во Бутел: Искусниот голман повторно ќе брани во Скопје

Ракометниот клуб Бутел Скопје доби големо засилување за новата сезона, откако во...

Ракомет

Бојаниќ останува во Македонија: Поранешниот пивот на Охрид има нов клуб!

Новиот суперлигаш- Младост Богданци продолжува да го засилува ростерот пред дебитантската сезона...

Ракомет

Вардар повторно во европската елита – „црвено-црните“ повторно ќе играат во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација официјално потврди дека Вардар, следната сезона ќе биде дел...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!