Ракомет

Еурофарм Пелистер и Валид спогодбено ја прекинаа соработката

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ќе продолжи во вториот дел од сезоната без египетскиот интернационалец Мохамед Калид Валид.

Клубот и ракометарот донеле заедничка одлука за прекин на соработката пред истекот на договорот, со што двете страни го затвораат ова кратко поглавје.

Калид Валид во Битола пристигна летово и беше дел од ростерот во натпреварите од Суперлигата и Лигата на шампионите, а со „зелено-белите“ успеа да го освои и трофејот во Суперкупот на Македонија.

“Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со ракометарот Мохамед Калид Валид пред истекот. Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена. Во нашиот дрес Калид Валид го освои Суперкупот на Македонија и имаше забележителни настапи во Лигата на шампионите и Суперлигата. Клубот му се заблагодарува на соработката и му посакува успех во понатамошната кариера”, велат од клубот.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте...

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!