Кошарка

Крива Паланка статистички доминира во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига по девет кола

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

По одигрувањето на четвртфиналните натпревари од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, следи кратка пауза и во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига во женска конкуренција, која дојде како идеален момент за детална анализа на тимските бројки во досегашниот дел од сезоната.

По девет одиграни кола, статистиката јасно покажува дека екипата на Крива Паланка се издвојува како најстандарден и најефикасен тим во шампионатот. Крива Паланка, која го дели врвот на табелата со Баскет кам и Вардар, има најдобар офанзивен учинок со просек од 86 поени по натпревар, убедливо пред Вардар (81,6) и Пробаскет (77,2).

Освен по бројот на поени, паланчанки се на врвот и според реализацијата за два поени – импресивни 60,5%, што е значително подобро од Баскет кам (51,4%) и Вардар (50,7%). Од линијата за слободни фрлања, пак, најпрецизни се кошаркарките на Вардар, со 69,9% успешност, пред Бадел 1862 (68%) и Крива Паланка (66,4%).

Во борбата под кошевите, најдобар учинок има Пробаскет, кој во просек остварува 47,6 скока по натпревар, минимално пред Крива Паланка (47,3) и Баскет кам (44,1). Кога станува збор за тимска игра и асистенции, шампионот Баскет кам е лидер со 21,2 асистенции по меч, пред Крива Паланка (20) и Пробаскет (19,3).


Екипата на Бадел 1862 се издвојува како најагресивна во одбраната со најмногу освоени топки – 15,1 по натпревар, додека најмалку загубени топки има Вардар (15,1), пред Крива Паланка (15,8).

Бројките по девет одиграни кола јасно укажуваат дека шампионатот нè очекува со исклучително интересна завршница, а Крива Паланка со својата константност и ефикасност моментално го држи приматот во речиси сите клучни сегменти од играта.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!