Ракомет

Битката за плеј-офот во ракометната Суперлига ќе биде „пеколна“ – кои екипи ќе извисат?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Почетокот на пролетната полусезона во ракометната Суперлига ќе ја решава битката околу кои две екипи да фатат место во плеј-офот, односно регуларниот дел да го завршат на петтото и шестото место и со тоа да бидат дел од разигрувањето за титула и излез во Европа.

Во битка за плеј-офот се четири екипи, но место има за две, кои две екипи ќе извисат?

На делба на петтото место се Тиквеш и Бутел со по 18 бодови, Еурофарм Пелистер 2 е седми со 17 бодови а пак Прилеп е осми со 16 бодови. Овие четири екипи ќе се „тркаат“ за петтото односно шестото место.

Од регуларниот дел остануваат уште четири кола или во игра се осум бодови, пресуден ќе биде распоредот, Бутел и Тиквеш сакаат да ги сочуваат местата, младите „пелистерци“ да освојат бод повеќе од конкурентите и да бидат на петтото односно шестото место, Прилеп е со најтешка ситуација.

Што вели распоредот на последните четири кола од регуларниот дел на овие четири екипи.


19 коло:

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
Охрид – Прилеп
Тиквеш – Радовиш
Струга – Бутел

Во рамки на 19. коло или првото пролетно коло работите се следни – шампионот Еурофарм Пелистер речиси сигурно освојува бодови со Еурофарм Пелистер 2, Охрид е голем фаворит за Прилеп на домашен терен, треба да се случи големо изненадување за Прилеп да освои бодови, Тиквеш има „сигурни“ бодови со Радовиш, како и Бутел со Струга.

Тоа значи дека Тиквеш и Бутел во оваа коло ќе имаат најлесна задача и ќе направат бодовна залиха поголема.

20 коло:

Бутел – Вардар
Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид
Прилеп – Тиквеш

ФОТО: Спортска Мрежа

Бутел ќе биде пред многу тешка мисија со апсолутниот фаворит Вардар, слично ќе биде и со Еурофарм Пелистер 2 кој ќе игра против Алкалоид, а пак Прилеп ќе игра дерби со Тиквеш. Тоа значи дека Тиквеш ако триумфира ќе добие најмногу да се зацврсти на позиција за плеј-оф односно на петтото место.

21 коло:

Еурофарм Пелистер – Прилеп
Охрид – Бутел
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2
Тиквеш – Куманово


Прилеп оди на многу тешко гостување во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер, Бутел ќе биде во слична ситуација, Еурофарм Пелистер 2 ќе има „сигурни“ бодови со Радовиш, а пак Тиквеш не смее да си дозволи „кикс“ со Куманово и тука веќе кавадарчани ќе обезбедат плеј-оф.

22 коло:

Бутел – Тиквеш
Еурофарм Пелистер 2 – Струга
Прилеп – Радовиш

Во последното 22. коло ако претходно не се случат некои неочекувани порази може исто така да се решава, бидејќи Бутел и Тиквеш ќе играат во меѓусебна пресметка, па тука на Бутел многу веројатно можно ќе му бидат сигурна победа, а Тиквеш веќе да биде потврден за плеј-оф.

Еурофарм Пелистер 2 оди на „сигурна“ победа, а пак Прилеп би имал „сигурни“ два бода во дуелот со Радовиш.

Во секој случај ќе гледаме пеколна битка на секој меч и за секој бод. Екипите кои ќе извисат ќе бидат дел од плеј-аутот каде ќе разигруваат за опстанок.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!