РакометРакометна репрезентација

Борба до крај во Пореч — Хрватска славеше по драматична завршница!

Сподели
Сподели

Иако настапуваше речиси во комплетен состав, машката ракометна репрезентација на Македонија го започна подготвителниот период со пораз на гостувањето кај светскиот вицепрвак Хрватска во Пореч — 26:23.

Домашниот селектор- Сигурдсон, настапи со значително изменет ростер и без голем дел од стандардните носители на играта, но и покрај тоа Хрватите успеаја да слават благодарение на подобрата завршница во последните минути од мечот.

Иако на само една и пол минута пред крајот резултатот беше 24:23 и нашата селекција имаше шанса да избегне пораз, домашниот тим со два гола во серија и клучни одбрани на голманот Славиќ,  ја осигура победата на отворањето на контролниот циклус.

Натпреварот започна израмнето, со игра гол за гол до 4:4, а Никола Митревски имаше сигурни интервенции на голот. Во тој период пивотот Ристевски се запиша меѓу стрелците со својот прв гол за сениорската репрезентација.

Македонија не реализираше три удари од седум метри — Славиќ одбрани еден, а по водството на Хрватска од 6:4, нашите ракометари накратко се вратија во резултатска рамнотежа, но следуваа уште неколку промашени пенали и статива на Кузмановски.

Домашниот тим ги искористи нашите грешки и се одлепи на +3 (10:7) по околу 20 минути игра, а таквата предност ја задржаа до паузата, иако Македонија имаше можност да се доближи.

На стартот од второто полувреме Хрватите првпат стигнаа до +5 (16:11), но постепено нашиот состав го намалуваше заостанувањето. Галевски запре два пенали, Серафимов беше сигурен од линијата од седум метри, па резултатот повторно се отвори.

Со погодокот на Атанасијевиќ намаливме на 20:19, а токму во таа акција Филип Главаш доби директен црвен картон по старт врз нашето лево крило — среќа без сериозни последици. На околу десет минути до крајот резултатот беше 21:20, но по една несреќно одбиена топка, Хрватите стигнаа до 23:21, што го натера Лазаров да побара тајм-аут.

Иако следуваше нова можност за враќање во мечот, грешка во нападот му овозможи на Молц да погоди од контра за 24:21 на четири минути до крајот. По нов тајм-аут, Костески намали на 24:23, но Љевар реализираше за 25:23 и дилемите околу победникот беа решени.

Репрезентацијата уште два дена ќе остане на подготовки во Хрватска и се враќа на 30 декември, по што следува кратка пауза. Од продолжението на подготовките селекцијата ќе биде комплетирана и со враќањето на Мартин Томовски.

На 7 Јануари делегацијата патува за Винтертур, каде од 8 до 10 јануари ќе одигра контролни дуели со Бахреин, Украина и Швајцарија. Од Швајцарија репрезентацијата заминува директно за Хернинг, со доволно време за аклиматизација пред Европското првенство.

Македонија го отвора настапот на 16 Јануари против Данска, два дена подоцна следи дуелот со Португалија, а на 20 Јануари се игра натпреварот против Романија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!