Кошарка

Езерското дерби за Црн Дрим – пораз за Охрид, Струмица ФМП со висока пресилна во Свети Николе!

Сподели
Сподели

Со одигрувањето на 11. коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи, јасно е дека продолжението од сезоната ќе донесе уште поголема неизвесност и борба за врвот во двете групи. Дерби дуели, убедливи победи и резултатски изненадувања го одбележаа последното коло пред паузата.

  • ГРУПА А

Црн Дрим – Охрид 75:66
„Езерското дерби“ во Струга им припадна на кошаркарите на Црн Дрим, кои со поцврста игра во второто полувреме ги освоија бодовите. По израмнетото прво полувреме, во кое Охрид имаше минимална предност, домаќинот ја презеде контролата по паузата и со сигурна завршница стигна до победата. Камилоски со 21 поен беше најефикасен, додека кај Охрид најмногу се истакна Хоукинс со 17 поени.

Мега баскет – Вардар 111:107
Прилепчани славеа во спектакуларен меч со дури 218 постигнати поени. Мега баскет му го нанесе вториот пораз сезонава на Вардар и се израмни со него на врвот во групата. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а Враниќ со 27 поени беше клучен за победата. Кај Вардар, Ѓорѓевиќ постигна 29 поени.


Младинец – Тетекс ТТК 61:91
Тетекс ТТК одигра доминантен натпревар во Скопје и убедливо ја совлада екипата на Младинец. Гостите рано стекнаа висока предност и рутински ја одржуваа до крајот. Шуменковски со 26 поени беше прв стрелец на натпреварот.

  • Табела – Група А
Место Екипа Нат. Поб. Пораз Кош-разлика Бодови
1. Вардар 10 8 2 906:765 18
2. Мега баскет 10 8 2 917:827 18
3. Охрид 10 6 4 775:732 16
4. Водно Санс 9 5 4 796:702 14
5. Црн Дрим 9 4 5 720:727 13
6. Тетекс ТТК 9 2 7 649:675 11
7. Младинец 9 0 9 614:839 9

Следно коло – Група А

  • Охрид – Мега баскет

  • Тетекс ТТК – Црн Дрим

  • Водно Санс – Младинец

  • Вардар – слободен

ГРУПА Б

Борец баскет – Струмица Ролинг 127:50
Велешани ја запишаа една од најубедливите победи сезонава. Од самиот старт го наметнаа темпото и без проблеми стигнаа до седмиот триумф. Несторовски и Сапроновски беа незапирливи во нападот.

Овче Поле – Струмица ФМП 59:96
Струмица ФМП рутински ги освои бодовите на гостувањето во Свети Николе. Со контролирана игра во текот на целиот натпревар, гостите ја потврдија лидерската позиција. Пандев со 24 поени беше најдобар поединец.


Соколи 1933 – Бутел 74:62
Соколи 1933 стигнаа до значајна победа во Штип и се израмнија со Струмица ФМП на врвот во групата „Б“. Домаќините рано создадоа разлика која успешно ја одржаа до крајот. Караколев со 24 поени ја предводеше својата екипа.

  • Табела – Група Б
Место Екипа Нат. Поб. Пораз Кош-разлика Бодови
1. Струмица ФМП 10 8 2 857:586 18
2. Соколи 1933 10 8 2 923:754 18
3. Борец баскет 9 7 2 755:628 16
4. Бутел 9 6 3 767:688 15
5. Овче Поле 10 3 7 803:799 13
6. Струмица Ролинг 9 1 8 582:883 10
7. Спортисимо 9 0 9 549:898 9

Следно коло – Група Б

  • Бутел – Борец баскет

  • Струмица ФМП – Соколи 1933

  • Струмица Ролинг – Спортисимо

  • Овче Поле – слободен

Со ваква бодовна израмнетост и силна конкуренција, продолжението од сезоната во Првата македонска лига ветува уште повеќе дерби натпревари и жестока борба за пласман во завршницата.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!