ФудбалЧетврта лига

ФК Слога од радовишко Злеово започна со продажба на дуксери и маички со логото на клубот!

Сподели
Сподели

ФК Слога од Злеово прави уште еден значаен чекор напред во своето функционирање и развој, воведувајќи брендирани маички и дуксери со логото на клубот, наменети за навивачите и сите љубители на фудбалот кои сакаат директно да го поддржат клубот.

Со оваа иницијатива, ФК Слога станува единствениот спортски колектив од Радовиш кој нуди официјални, брендирани реквизити за своите поддржувачи, што претставува новитет и позитивен пример за локалниот спорт.

Навивачите од сега ќе можат да нарачаат:

  • Маичка по цена од 599 денари
  • Дуксер по цена од 1.799 денари

При нарачка на двата производи следува и попуст, а со секоја нарачка купувачите добиваат и брендиран поклон од ФК Слога.

Средствата од продажбата ќе одат директно во поддршка на клубот, што претставува уште еден начин локалната заедница да застане зад својот тим.


ФК Слога е клуб од радовишкото село Злеово, кој по речиси една деценија повторно се врати на фудбалската карта на Македонија со пријавување учество во Општинската фудбалска лига – Струмица, каде што во моментов е и единствениот претставник од радовишко.

Клубот зад себе има и успешен есенски дел од сезоната, кој го заврши на третото место со 13 бодови, само три помалку од водечките Спартмани од Градско Балдовци и Интер Кукла, кои имаат по 16 бодови.

Со вакви чекори – и на теренот и надвор од него – ФК Слога од Злеово покажува дека има јасна визија, амбиција и желба за континуиран развој, а брендираните маички и дуксери се уште еден симбол на враќањето на клубот таму каде што припаѓа – во срцето на навивачите.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија денес ќе игра против Украина на „Жолтиот куп“

Ракометарите на Македонија денес го играат вториот натпревар од „Жолтиот куп“ против репрезентацијата на Украина. Овие натпревари служат како последна проверка пред настапот...

ИнтернационалциФудбал

Голманот Денковски ја затвори босанската епизода, во потрага по нов клуб

Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје, откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката. Иако...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Голманот Денковски ја затвори босанската епизода, во потрага по нов клуб

Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје,...

Прва лигаФудбал

Нзенгуе: Шкендија е најдобриот тим во Македонија, борбата за титулата е приоритет!

Новиот напаѓач на Шкендија, Фахд Нзенгуе, не го крие задоволството од трансферот...

Прва лигаФудбал

Арсими со пораз го отвори подготвителниот циклус во Хрватска

Фудбалерите на Арсими 1973 го одиграа првиот контролен натпревар во рамките на...

Прва лигаФудбал

Шкендија прави промени во ростерот: Белица и Ќака заминуваат од Тетово

Актуелниот македонски шампион Шкендија продолжува со реконструкција на тимот во пресрет на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!