ФудбалФутсал

Шампионот Форца остана без најдобрите: Таулант Исмаили, Еркан Сефери и голманот Енсар Фера си заминаа!

Сподели
ФОТО: Илхан Османи | Форца
Сподели

После неочекуваниот пораз на шампионот Форца во последното есенско коло на домашен терен од Астибо, најдобрите играчи решија да се разделат со тимот од Куманово.

Клубот на последниот есенски меч настапи без странците, што се поставува прашањата дали со истите е прекината соработката, но дефинитивно тројца искусни играчи си заминаа од клубот – капитенот Таулант Исмаили, голманот Енсар Фера и Еркан Сефери повеќе нема да го носат дресот на Форца.

Капитенот Таулант Исмаили објави дека си заминува од клубот, притоа истакна дека ова е само едно „довидување“, а не „збогум“.

„Ве информирам дека од денес повеќе не сум дел од ФК Форца. На клубот и на кумановската публика ѝ посакувам сè најдобро и им благодарам за сè. Се надевам дека ова ќе биде едно „Довидување“, а не „Збогум“, вели Исмаили.

Голманот Енсар Фера се заблагодари на клубот, тренерот и играчите за соработката.

„Од денес повеќе не сум дел од Форца. Благодарам на раководството на клубот, тренерот и играчите. Благодарам Форца“, истакна Фера.


Разделбата ја потврди и Сефери, кој се заблагодари за досегашната соработка притоа му посака на клубот и навивачите се најдобро.

„Ве информирам дека денес повеќе не сум дел од ФК Форца. На клубот и на кумановската публика им посакувам сè најдобро и благодарам за сè“, потенцираше Сефери.


Форца по поразот од Астибо што беше големо изненадување, дефинитивно најголемо во есенскиот дел претходно загуби од Проект во Гевгелија со 6:1. Со вакви два порази повеќе од јасно е дека Форца сериозно го загуби чекорот за одбрана на титулата.

Заминувањето на овие искусни играчи е потврда дека тимот е свесен дека битката за одбрана на титулата се губи, а Проект зависи сам од себе и со право на две грешки на деветте пролетни натпревари ќе ја врати титулата во Јосифово.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!