Кошарка

Кошаркарките на Гевгелија есенски шампиони во Втората лига, Гостивар втор, Струга трета

Сподели
Сподели

Кошаркарките на Гевгелија есенскиот дел во Втората лига го завршија на второто место со 13 бодови, тимот зад себе има фантастична есен со скор од шест победи и еден пораз.

Гевгелија доминираше и статистички со најдобар поен разлика од 479 постигнати поени убедливо најмногу.

На второто место заврши Гостивар со ефект од пет – два и 12 бодови на своето конто, а пак Струга е трета со 11 бодови, колку што има и штипска Тим Арена која е четврта.

Стружанки доминираат со најдобра одбрана која примила 250 поени, што е убедливо најдобра одбрана.


Останатите екипи имаат едноцифрен број на освоени бодови – Охрид е петти со осум бодови, кошаркарките на Шкупи оваа есен завршија на шестото место со седум бодови и ефект од еден победа и пет порази, а на дното е Риниа Баскет со седум порази од толку натпревари и шест бодови на своето конто.

Риниа Баскет е единствениот тим кој нема позитивен резултат во есенската полусезона.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!