РакометРакометна репрезентација

Повредата на Карасманакис ја тенчи линијата на пивотите во националниот тим!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка ракометна репрезентација, во подготовките за Европското првенство се соочува со нов проблем на позицијата пивот. Поради скршен прст на шутерската рака, Валентин Карасманакис отпадна од комбинација за настап и нема да биде на располагање за континенталниот собир.

Како реакција на овој развој на настаните, селекторот Кирил Лазаров експресно направи корекција во составот и упати повик до Никола Маркоски, кој веќе му се приклучи на националниот тим.

Ова е втор удар за Лазаров на истата позиција, со оглед на тоа што претходно составот остана и без Милан Лазаревски. Во моментов, на линијата од шест метри конкуренцијата ја сочинуваат Жарко Пешевски, Самоил Ристевски, Марко Стојковиќ и Михаил Аларов.

Во рамки на контролниот период пред ЕП, Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Пореч на 28 декември, а потоа следува турнир во Винтертур од 8 до 10 јануари, каде ривали ќе ни бидат Швајцарија, Бахреин и Украина.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!