Ракомет

Турнирот „Вук Рогановиќ“ како главна проверка за Охрид пред продолжението на сезоната!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По завршувањето на најуспешната полусезона во клупската историја, Охрид ја користи зимската пауза со јасна цел — во јуни да ја комплетира сезоната како најуспешна досега. Истите амбиции ги делат раководството, стручниот штаб и ракометарите.

Во пролетниот дел од сезоната, тимот го очекуваат сериозни обврски и на домашната сцена и во европските натпреварувања. Подготовките ќе бидат фокусирани во Врбас, каде што Oхрид ќе тренира од 8 до 16 јануари. Веднаш потоа, на 17 и 18 Јануари, следува настап на традиционалниот турнир „Вук Рогановиќ“. Во полуфиналниот дуел охриѓани ќе играат против Динамо Панчево, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Партизан и Тримо Требње.

Домашното првенство продолжува на 7 Февруари со преостанатите четири кола од регуларниот дел на Супер лигата, а плеј-оф фазата ќе започне на 28 Февруари.

Февруари ќе биде исклучително интензивен и на меѓународен план, бидејќи Охрид ќе ги одигра и двата натпревара од осминафиналето во ЕХФ Европскиот куп против чешката екипа- Дукла Прага.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!