Останато

Македонската таеквондо федерација ги прогласи најдобрите за 2025

Сподели
ФОТО: Македонска таеквондо федерација
Сподели

Вчера се одржа манифестацијата „Најдобрите во лига системот на Македонската таеквондо федерација“, настан посветен на целокупната работа и резултатите кои спортистите ги потврдија во текот на изминатата година преку дисциплина, посветеност и љубов кон спортот.

Македонското таеквондо, покрај тоа што важи за еден од најуспешните спортови во државата, претставува и прв индивидуален спорт кој воспостави функционален и одржлив систем што гарантира континуитет, развој и остварување на врвни спортски резултати.

„Овој систем подразбира силни клубови, едуцирани тренери, мотивирани спортисти, фер и професионални судии, како и добро организирани натпреварувачки структури кои создаваат шампиони“, истакнаа од Македонската таеквондо федерација.

Ова се добитниците на наградите: 

  • Прво место во лига систем на МТФ за 2025: Таеквондо клуб „Бутел“
  • Второ место во лига систем на МТФ за 2025: Таеквондо клуб „Корио“
  • Трето место во лига систем на МТФ за 2025: Таеквондо клуб „Феникс Кик“
  • За постигнување најголем спортски успех во олимписко таеквондо: Филип Блажевски
  • Најдобар тренер во лига системот на МТФ за 2025: Викторија Спасовска
  • Најдобро организиран турнир во лига системот на МТФ: Таеквондо клуб „Корио“
  • Најдобар судија во лига системот на МТФ за 2025: Ирена Гроздановска
  • За особен придонес во лига системот за 2025: Андреј Василевски, Ведерана Тунеска, Христијан Симоноски, Ненад Ќелевски, Душица Бреслиева, Мартина Наумовска

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!