РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Борче Христов прв асистент на новиот селектор Гоце Седлоски

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Денес беше назначен Гоце Седлоски за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, а веќе утре ќе следи неговата официјална промоција.

Новиот селектор веќе го екипира стручниот штаб со кој ќе работи, а за прв асистент е назначен Борче Христов, шефот на стручниот штаб на прволигаш Тиквеш.

55-годишен стратег зад себе има богато тренерско искуство. Христов во својата кариера беше тренер на Шкендија, Македонија ЃП, Еуромилк ГЛ, Борец и Работнички во македонскиот шампионат, како и во азербејџанските клубови Карабах и Зира,.

Дополнително, тој беше и спортски директор на академијата на Вардар, како и дел од Одделот за фудбалски развој при Фудбалската федерација на Македонија.

Од прволигаш Тиквеш му посакаа на Христов многу успех како прв помошник на Седлоски.

„Шеф на стручниот штаб на нашиот клуб, Борче Христов денес е назначен за прв помошник на новиот селектор Гоце Седлоски на А-селекцијата на Македонија. Им посакуваме среќна и успешна работа со пласман на Светско првенство 2026“, велат од Тиквеш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!