РакометРакометна репрезентација

Лазаров ги собра ракометарите: почеток на мисијата Европско првенство!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Подготовките на машката ракометна репрезентација на Македонија за настапот на Европското првенство кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка започнуваат денеска со првиот собир на националниот тим.

Во рамките на подготовките, македонските ракометари ќе настапат на турнир во швајцарскиот град Винтертур, кој ќе се одржи од 8 до 10 јануари. На овој турнир Македонија ќе ги одмери силите со селекциите на Швајцарија, Бахреин и Украина, по што експедицијата ќе се упати кон Данска, каде што ќе се игра Европското првенство.

Селекторот Кирил Лазаров повика 21 ракометар, кои ќе ја минат почетната фаза од подготовките. Таа ќе биде заокружена со пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска, кој ќе се одигра во Пореч.

По новогодишните празници, репрезентацијата накратко ќе тренира во Скопје, по што ќе бидат дефинирани ракометарите кои ќе патуваат за Хернинг, еден од градовите домаќини на континенталниот собир.

Пред почетокот на Европското првенство, можно е одигрување и на уште еден контролен натпревар. Македонија ќе го започне настапот на шампионатот на 16 јануари со дуел против домаќинот Данска, додека во групната фаза ќе се соочи и со селекциите на Португалија на 18 Јануари и Романија на 20 Јануари.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте...

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!