Ракомет

Билјанини Извори ќе „гори“: Охрид на 14 Февруари ја пречекува Дукла Прага!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Европската ракометна федерација официјално ги објави термините и саатниците за осминафиналниот двомеч во европските натпреварувања меѓу ГРК Охрид и чешка Дукла Прага.

Охрид во досегашниот тек од натпреварувањето веќе ги мина азербејџанскиот Баку и босанската Слога Добој во втората и третата рунда, а евентуална елиминација на Дукла Прага би значела најголем европски клупски успех во историјата на охридскиот тим.

Првиот натпревар ќе се одигра на 14 февруари, кога „гладијаторите“ ќе бидат домаќини во СРЦ „Билјанини Извори“, а почетокот е закажан за 18:00 часот.

Реваншот, по кој ќе биде познат патникот во четвртфиналето, е на програмата на 21 февруари од 18:00 часот и ќе се игра во Прага.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!