Прва лигаФудбал

Двајца интернационалци од Босна и Херцеговина си заминаа од мак-фудбалот!

Сподели
ФОТО: ФК Арими | ФК Башкими
Сподели

Започнуваат промените во ростерите на клубовите од Првата македонска фудбалска лига, веќе има двајца интернационални од Босна и Херцеговина кои заминаа и кариерите ќе ги продолжат во нова средина – се работи за фудбалери на новите прволигаш Арсими и Башкими.

Од тимот на Арсими си замина стоперот Амер Дрљевиќ, 31-годишниот фудбалер ќе има нов клуб во неговата кариера, а тој во македонскиот прволигаш пристигна од редовите на босанскиот Игман Коњиќ. Во Првата македонска фудбалска лига сега веќе екс фудбалерот на Арсими одигра 14 натпревари, а на теренот помина 1138 минути, притоа не забележа погодок или пак асистенција.

Од Башкими си замина Хедим Хаџиќ, центрафорот во Башкими пристигна хрватската екипа Оријент, а сега 26-годишникот ќе има нова авантура во неговата кариера. Во македонскиот шампионат одигра 11 натпревари, а на терените помина 480 минути при што постигна три погодоци и запиша две асистенции.

И двајцата фудбалери по првпат настапуваа во македонскиот шампион.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!