Турнири

Дивино од Босилово со два предизвици – популарните „пици“ на мегдан со Млаз Инженеринг и Алупласт Васил

Сподели
Сподели

Вечерва продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ откако петок беше слободен ден на турнирот. Програмата нуди четири натпревари, стандардно два кај јуниорите и два кај сениорите.

Вечерата како и вообичаено се отвара во 18 часот со мечот во генерација 2010/2011 каде Mild Home Store ќе се соочи со Бригата 12, а пак половина час подоцна МК Гевгелија оди на мегдан со Џоко Чона Гевгелија.

Кај сениорите предизвик ќе има екипата на Дивино од Босилово со тоа што ќе настапи со два меча еден по друг. Во 19 часот популарните „пици“ ќе се соочат со Млаз Инженеринг Транспорт, а пак 45 минути подоцна ќе играат против Алупласт Васил Јосифово.

Спортска Мрежа по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан кој важи за еден од најдобро организираните во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!