Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Сподели
Сподели

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига, Македонија ЃП ја совлада Брегалница со 4:2 и на пауза заминува како водечка екипа во шампионатот.

Гостите од Штип имаа предност од 2:0, но сепак на крајот пионерите на Македонија ЃП направија пресврт и стигнаа до трите бода кои има ја обезбедија првата позиција.

Брегалница поведе преку Ванчо Кочубов во 16. минута. Во 34. Антонио Арсов зголеми на 2:0, а во  последните секунди од првиот дел Лука Лазаревски ја намали предноста на противникот.

Во 58. минута Марко Стојановски израмни на 2:2, а само четири минути подоцна Таха Намик Менга го постигна третиот гол за домаќинот. Конечните 4:2 ги постави Лазаревски во 79. минута повторно се запиша меѓу стрелците за триумф на Македонија ЃП.


По 15. коло составот од Ѓорче Петров има 40 бода, два повеќе од Шкендија Тетово додека трет со 36 е Пелистер. Првиот дел од сезоната на четвртото место го заврши Работнички со 34 бода додека петтопласираниот Вардар освои 33.

Најефикасен играч во есенскиот дел од шампионатот е Алек Трпковски од Работнички кој 14 пати ги совладал противничките голмани, а погодоци постигнаа Петар Гулигаровси (Пелистер), Васко Папалиски (Скопје), Ерион Салихи (Башкими)и Стефан Војчески (АП Брера).

Првенството продолжува по двомесечната пауза и се пролетниот дел треба да почне кон крајот на февруари следната година.


Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!