РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против врсниците на Турција на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје .

Избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа одличен натпревар и заслужено се радуваа на триумф против една од најквалитетните младински селекции во Европа. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати и да израмни, но во самиот финиш следуваше голема радост за нашата селекција.

Драган Петков уште во 2. минута го отвори резултатот, а предноста беше удвоена во 23. минута преку Стефан Стојановски. Во продолжението, турската репрезентација во 51. и 60. минута ги искористи грешките во македонската одбрана и преку Озбугуту и Озкан дојде до израмнување.

Сепак, во судиското надополнување Павел Димоски го постигна победничкиот погодок и и  донесе голема победа на Македонија.

Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.

Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од Првата лига жени, откако успешно ја минаа бараж фазата и го...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезентација до 15 години поразена од Велс

Фудбалската репрезентација до 15 години го забележа првиот пораз на Турнирот на...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пуштени се во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Ирска

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот меѓу Македонија и Ирска...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Гавриловиќ го објави списокот на одбојкарки за подготовките за Европската лига

Новиот селектор на женската сениорска репрезентација во одбојка, Милош Гавриловиќ, го објави...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!