Втора лигаФудбал

Беласица ќе го чека исходот од мечот меѓу Детонит Плачковица и Скопје, еве зошто!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре конечно ќе се комплетира и затвори есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје, последен меч за последното 15-то есенско коло.

Беласица погледот го насочува кон утрешниот меч кој се игра во Радовиш и ќе го чека исходот од истиот – за струмичани само еден резултат не им одговара, а две комбинации им одат во прилог.

Беласица е на четвртото место со 31 бод, а за да презими на четвртата позиција ќе мора да се надева дека Скопје ќе загуби во Радовиш или ќе одигра нерешено – само во такви две комбинации Беласица останува четврта.

Скопје има 29 бодови, а со победа ќе има 32 бодови и ќе ја помине Беласица која има 31 бод и во таков случај би била петта на табелата.


Токму од таа причина зависи и четвртото место на струмичани, надежта е дека „пиратите“ од Автокоманда нема да победа, па така Беласица ќе биде четврта за време на зимската пауза, а ќе има пет бода негатива од лидерот Охрид.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ГФК Охрид Лихнидос 15 11 3 1 38 10 +28 36
2 ЗФК Шкендија Арачиново 77 15 11 2 2 25 9 +16 35
3 ФК Брегалница 2008 АД 15 10 3 2 31 9 +22 33
4 ФК Беласица АД 15 10 1 4 33 14 +19 31
5 ФК Скопје АД 14 9 2 3 32 15 +17 29
6 ЗФК Новaци 2005 15 8 3 4 25 11 +14 27
7 ГФК Осогово 15 7 3 5 23 13 +10 24
8 ФК Детонит Плачковица 14 6 5 3 20 10 +10 23
9 ФК Кожуф Гевгелија 15 5 7 3 18 10 +8 22
10 ФК Каменица Саса 15 4 5 6 32 30 +2 17
11 ФК Тетекс 1953 15 5 2 8 26 28 -2 17
12 ГФК Вардар Неготино 15 3 3 9 21 46 -25 12
13 ФК Победа АД 15 3 2 10 12 37 -25 11
14 ФК Преспа 15 3 0 12 16 37 -21 9
15 ФК Слога 1934 15 2 1 12 15 34 -19 7
16 ФК Големо Коњари 15 1 0 14 8 62 -54 3


Од овој меч зависи и позицијата на Осогово, овде можете да прочитате што им одговара на „жетварите“ од утрешниот меч во Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!