Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари домаќини на стартот од Европската лига 2026

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Учеството во Европската лига 2026 најдобрите македонски одбојкари ќе го започнат на домашен терен, бидејќи Македонија ќе биде организатор на еден од турнирите во првиот викенд (5–7 јуни 2026).

Нашата репрезентација има континуитет во ова елитно континентално натпреварување уште од 2014 година, а од ова издание Европската лига добива и ново значење – преку неа стартуваат квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Во новата структура ќе постои само една Европска лига (без поделба на Златна и Сребрена), а вкупно 27 европски репрезентации што не се дел од ФИВБ Лигата на нации ќе се борат за место на ЕвроВолеј 2028. Правилата предвидуваат дека секоја селекција која ќе игра во Европската лига 2026 мора да настапи и во изданието во 2027, во спротивно следуваат санкции од ЦЕВ.

Натпреварувањето останува во турнирски формат и ќе се игра низ три викенди во јуни 2026. Македонија е домаќин на еден од првите турнири и ги пречекува Холандија и Луксембург. Според распоредот, на 5 јуни играме против Холандија, на 6 јуни сме слободни, а на 7 јуни ги одмеруваме силите со Луксембург.

Вториот турнир (12–14 јуни) ќе се игра во Грција, каде противници ни се Исланд и домаќинот Грција. Македонија ќе настапи на 13 јуни против Исланд и на 14 јуни против Грција.

Последниот, трет турнир (19–21 јуни), ќе се одржи на Косово. Нашата селекција на 19 јуни игра со домаќинот, а на 20 јуни ќе се соочи со Израел.

Новитет во ова издание е замената на завршниот викенд со Ф6-турнир, кој ќе се одржи од 1 до 5 јули 2026, а организаторот ќе биде дополнително одреден. Доколку домаќинот на Ф6 е меѓу првите шест селекции, на завршницата играат најдобрите шест. Ако не се најде во топ шест, тогаш петте најдобри и домаќинот обезбедуваат место на Ф6.

Првите четири селекции на Ф6 добиваат директен пласман на ЕвроВолеј 2028, но важи важно правило: ако организаторот на Ф6 се пласирал таму само како домаќин (а не преку вкупниот пласман во лига-фазата), мора да ја освои Европската лига 2026 за да обезбеди билет за Европското првенство. Ако организаторот влезе меѓу најдобрите шест преку пласман, тогаш првите четири екипи на Ф6 ќе обезбедат директен пласман на ЕП.

ПРВ ТУРНИР (05–07.06.2026) – Македонија

  • 05.06: Македонија – Холандија

  • 06.06: Холандија – Луксембург

  • 07.06: Луксембург – Македонија

ВТОР ТУРНИР (12–14.06.2026) – Грција

  • 12.06: Исланд – Грција

  • 13.06: Македонија – Исланд

  • 14.06: Грција – Македонија

ТРЕТ ТУРНИР (19–21.06.2026) – Косово

  • 19.06: Косово – Македонија

  • 20.06: Македонија – Израел

  • 21.06: Израел – Косово

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Бронза на Европско првенство за Филип Блажевски, македонското теквондо добива нова надеж

Филип Блажевски вчера во Приштина, Албанија, го освои бронзениот медал на Европското првенство во теквондо за натпреварувачи до 21 година. Младиот македонски репрезентативец,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на мини-подготовки во Струмица, во чии рамки одигра два контролни натпревари против...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ во завршна фаза на избор на нов селектор – одлуката на 25 Декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, во состав...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија со јасен план пред ЕП 2026 – четири контролни дуели и интензивни подготовки во три држави

Македонската ракометна репрезентација го финализира календарот на активности во пресрет на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!