Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица послаб за најдобриот стрелец Сашо Дуков!

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Со утрешниот меч меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе се затвори официјално есенската полусезона во Втората лига. Ова е последен меч од 15. коло кој беше одложен и закажан да се одигра утре на Градскиот стадион во Радовиш.

Но, на овој меч екипата на Детонит Плачковица ќе биде ослабена – причината е Сашо Дуков. Најдобриот стрелец на радовишани нема да може да настапи за својот тим на последниот меч во 2025 година од причина што има пет жолти картони, а тоа значи дека мечот на својот тим против „пиратите“ од Автокоманда, Дуков ќе го следи од трибини.

Искусниот голгетер досега постигна осум погодоци, а со неиграњето против Скопје значи дека 30-годишникот ќе остане на бројката од осум погодоци постигнати во есенската полусезона за второлигашот од Радовиш.

Составите ќе бидат познат неколку часа пред натпреварот, па со тоа ќе известиме официјално дали ќе има уште некој фудбалер кој нема да биде на располагање поради повреди или други причини.

Натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје со кој ќе го имаме конечниот изглед на табелата ќе започне во 13 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!