Ракомет

Алкалоид ја потврди фаворитската улога – убедлива победа над Прилеп!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Екипата на Алкалоид, ја потврди фаворитската улога и без проблеми си замина со победа од Прилеп, славејќи со 39-33 во рамките на 16. коло од Супер машката лига, во меч што се одигра во Прилеп.

Домаќините пружија сериозен отпор во првото полувреме и не дозволија гостите веднаш да се одлепат, па на паузата резултатот беше 19-16 во корист на гостите. Во вториот дел, Алкалоид го забрза темпото и  ја зголеми предноста на плус девет, осигурувајќи сигурна победа.

По овој натпревар, тимот на Алкалоид се израмни со Охрид на третата позиција со по 26 бодови, додека Прилеп остана на осмото место со 14 бода, во трка за плеј-оф.

Најефикасен кај победниците беше Мартин Серафимов со седум голови, додека Иван Џонов и Никола Костески постигнаа шест, односно пет гола. Кај домаќините, најмногу се истакнаа крилата Димитар Димитриоски со десет и Денис Шабановиќ со девет голови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!