Ракомет

Куманово избегна пораз – Пролет пропушти победа во драматична завршница

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во дуел исполнет со пресврти, емоции и нерви до последната секунда, Куманово и Пролет одиграа 28-28 во натпревар кој повеќе наликуваше на трилер отколку на обична првенствена рунда. И двата тима имаат причини и за задоволство, и за жалење – домашните затоа што ја испуштија големата предност од воведните минути, гостите затоа што не го искористија водството во самиот финиш.

Куманово стартуваше со идеална енергија и игра која навестуваше сигурна вечер. Одбраната функционираше цврсто, нападот лесно наоѓаше решенија и разликата брзо порасна. Со поддршка од трибините, кумановчани ја контролираа играта во најголем дел од првиот дел и логично заминаа на одмор со водство од три гола.

Но сликата по паузата беше сосема поинаква. Пролет излезе поагресивен и поуверен, почна да ги користи грешките на домашните и буквално за десетина минути ја избришa разликата. Скопскиот тим не само што се врати во игра, туку го презеде и водството, внесувајќи дополнителна нервоза кај Куманово. Како што се ближеше крајот, драмата се засилуваше, а напнатоста на теренот растеше со секој напад.

Кулминацијата дојде во последните минути. Пролет успеа да се одлепи на два гола предност и делуваше како да ќе замине со цел плен од Куманово. Но домашните не се откажаа. Со брз одговор од линијата за седум метри, а потоа и со успешно реализирана последна акција, кумановчани ги поставија конечните 28-28, гол што беше проследен со голема експлозија на трибините.


Во самиот финиш гостите се обидоа со уште еден удар од центарот по брзо изведување, топката заврши во мрежата, но судиите останаа доследни – погодокот не беше признаен поради неправилно изведување, што значеше дека бодовите ќе се делат.

Тоше Онцев беше прво име кај Куманово, а пак кај Пролет се истакна Давор Палевски со 11 гола од 12 обиди.

Натпревар полн со емоции, борба и неизвесност – токму она што ја прави Суперлигата интересна, дури и на дуелите кои на табелата не носат голем притисок, но на терен секогаш даваат вистинска спортска приказна.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!