Ракомет

Убедлива победа во Кавадарци: Охрид тргнува со самодоверба кон Пелистер!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во моќен и убедлив настап на гостински терен, ракометарите на Охрид го надиграа Тиквеш со убедливи 31-19, потврдувајќи дека се подготвени за големото дерби против шампионот Еурофарм Пелистер.

Уште на стартот, гостите го презедоа водството, брзо стигнувајќи до 8-1. Голманот Пилиповиќ блескаше на голот, додека домаќинот промашуваше клучни шанси, што го одредуваше текот на мечот уште во првите минути. Савревски постојано казнуваше за Охрид, што ја направи ситуацијата уште потешка за Тиквеш.

Домашните успеаја кратко да ја намалат разликата на 11-8, но тоа беше максимумот што го постигнаа. Во второто полувреме, серија од девет погодоци по ред ја однесе разликата на 26-12, а Тиквеш постигна прв гол дури по 17 минути игра. Целата средба, Охрид ја контролираше од почеток до крај и ја покажа својата класа.

Одлично издание кај охриѓани имаа: Николаос Лиапис со шест гола од шест шута, Давид Савревски со пет од пет, Стефан Петриќ и Тасески со по четири гола, Анте Иванковиќ, Ојлески и Ѓукиќ со по три, Крсманчиќ со два гола, како и Стрмљан со еден погодок. Голманот Пилиповиќ блескаше со единаесет успешни интервенции на голот, а тука се надоврза и Блажески со три, во второто полувреме. Кај домаќините, пак, најрасположен за игра беше Богдан Мијушковиќ со шест гола, како и Мики Лазов со три погодоци.

Победата, за Охрид донесе самодоверба и сигурност во играта, а тимот ќе го искористи тоа како мотив плус за подготовка за дербито во СРЦ „Билјанини Извори“, овој викенд. Тиквеш, пак, ќе мора да бара бодови на следните натпревари.

Во следното коло, Охрид го пречекува Еурофарм Пелистер, додека Тиквеш ќе се сретне со Еурофарм Пелистер 2.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!