Ракомет

ФОТО: Ракометарите на Преспа гостуваа кај европскиот великан Вардар, следи поддршка за денешното дерби во Битола

Сподели
ФОТО: РК Преспа
Сподели

Ракометарите на Преспа од Ресен денеска имаа посебна привилегија да бидат угостени од составот на двократниот европски првак Вардар. Ресенските ракометари го искористија денот за дружење, фотографирање и запознавање со своите идоли – клуб кој остави голема трага во европскиот ракомет и двапати се искачи на врвот на Лигата на шампионите, во сезоните 2016/17 и 2018/19.

Од клубот од Ресен истакнаа дека ова било исклучително важно искуство за младите ракометари, кои имале можност одблиску да видат како функционира еден од најуспешните клубови во македонскиот спорт.

„Нашите ракометари имаа можност да бидеме угостени од ракометарите на двократниот европски првак Вардар! Да се дружиме и фотографираме со нашите идоли. Му посакуваме успех и среќа на денешниот дерби натпревар во Битола, против ракометниот клуб Еурофарм Пелистер“, порачаа од РК Преспа.

  • Клуб со богата историја и европско искуство

РК Преспа Јафа Промет е клуб со долга ракометна традиција и значајни успеси. Во сезоната 1996/97, тимот од Ресен ја освои македонската Супер лига, што им донесе учество во ЕХФ Купот. Како национални прваци, Преспа доби право да настапува и во престижната Лига на шампионите во сезоната 1997/98.

ФОТО: РК Преспа

Европското поглавје продолжи и следната година повторно во ЕХФ Купот, а во сезоната 2007/08 клубот повторно се врати на меѓународната сцена, учествувајќи во Челенџ Купот.

  • Поддршка за дербито во Битола

Ресенскиот клуб испрати јасна порака на поддршка кон Вардар, кој вечерва го игра едно од најголемите ракометни дербија – гостување кај Еурофарм Пелистер во Битола. Меч кој отсекогаш буди огромно внимание, а оваа сезона носи и дополнителна тежина во борбата за врвот.

ФОТО: РК Преспа


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!