ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој секогаш привлекува огромно внимание ширум светот. Овој пат, покрај фудбалската магија на теренот, натпреварот ќе има и силен македонски белег.

Имено, Филип Поповски, поранешен генерален секретар на ФФМ и искусен фудбалски работник со долгогодишна кариера во спортската администрација, доби голема чест и доверба да биде делегат на овој високопрофилен натпревар. Неговата задача е да го следи целиот организациски процес, да го контролира административниот дел и да се грижи за тоа мечот да се одвива според строгите правила и стандарди на УЕФА.

Судискиот тим ќе го предводи францускиот арбитар Клемен Турпан, кој важи за еден од најискусните и најреспектираните судии во Европа. Негови асистенти ќе бидат сонародниците Николас Данос и Бенџамин Паже, како и познатата Стефани Фрапар, првата жена која судела финале на европски натпревар.

ВАР-судија е Жером Брисар од Франција, заедно со Сорен Шторкс и Луц Михаел Фролих од Германија.

Спектаклот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се одигра утре со почеток од 21:00 часот,  навивачите и љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат овој дуел, кој секогаш нуди врвен квалитет, жестока борба и незаборавни моменти.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!