Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Сподели
Сподели

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на Првата ракометна лига.

Мечот тргна многу неизвесно, а прв удар зададе гостинот кога направи во два наврати плус четири разлика при 4:8 и 6:10, а до крајот на првиот дел домашниот тим го сврте резултатот на 20:15.

Во вториот дел Овче Поле се обидуваше да фати резултатски приклучок, но немаше сили и капацитет, најблиску беше до 32:29, но сепак Партизан не му дозволи изненадување и ја потврди победата од 35:33.

Гевгеличани славеа на крилата на Јован Гетов кој постигна 12 гола, а го следеше Горан Лисичков кој имаше осум гола, од кој два беа од седум метри од три обиди.

За гостинскиот тим се истакна Илија Димов со осум гола, а го следеше Кирил Буровски со шест реализации.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

Ракомет

„Не сме поразени од таков голем тим како Загреб“ – Ојлески по драматичното реми!

Ракометарите на Охрид повторно ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир...

Ракомет

Охрид со неверојатен кам-бек до финалето: „Гладијаторите“ го запреа Загреб во последните секунди!

Ракометарите на Охрид се пласираа во големото финале на меморијалниот турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!