Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Сподели
ФОТО: Дреново - Превалец
Сподели

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“ Дреново. Натпревар кој го одбележа три црвени картони, а мечот беше прекинат во 70. минута кога домашниот тим остана без доволен број на играчи.

Победата беше најавена уште во првиот дел со 0:5 на полувреме, кога Марјан Стефановски во 7. минута ја отвори голеадата, хет-трик во првиот дел постигна Стефан Коџабанов, а гол даде и Ристе Крстев.

Во 30. минута од средбата при 0:5 црвени картони кај Дреново добија Амет Мемедов и Андреа Велјанов, а пак кај гостинската екипа црвен картон заработи голманот Ратко Јовановски, а сите црвени картони беа доделени поради удирање на друг играч во прекин.

„Во 30тата минута при еден старт од гостински играч со број 8 настана гужва во која имаше обострано удирање на играчите со број 4 и 2 од домашните и број 35 од гостите по што истите беа исклучени со црвени картони и натпреварот продолжи“, вака е заведено во записникот.

Во вториот дел Берхан Мемедов погоди за 1:5, а потоа Превалец дојде преку нови три гола преку Александар Јордановски, Александар Крстевски и Јосиф Манасиев.

Во 70. минута натпреварот беше прекинат кога домашната екипа остана со шест играчи поради повреди и немање на доволен број на играчи.

„Во 70тата минута домашната екипа остана на теренот со 6 играчи (поради повреди) и натпреварот беше
прекинат поради немање доволен број на играчи за да продолжи натпреварот“, е наведено во записникот.

Млекар позитивни ја заврши 2025 година благодарение на голот Зоран Котески за победа над Влазними Јуниор во гости.

Екс второлигашот Росоман со 0:3 славеше над Тополка во гости благодарение на головите на Петар Николов и Кадир Куртишов во првиот дел, како и голот на голгетерот Слободан Дуков постигнат во 59. минута.


Ланскиот второлигаш Борец со 4:0 славеше на домашен терен над Бучин и сосема очекувано ги обезбеди трите бодови. Марко Миловановиќ и Илхан Имеров беа стрелци за 2:0 на полувреме, а во вториот дел Милан Чичевски и Марко Јанковски ги поставија конечните 4:0.

Трите бодови останаа во Долни Дисан откако во судиското надополнување Венец постигна два гола за славје над Младост од 2:0.

Александар Стојаноски во 91. минута поради втор жолт картон беше исклучен од игра со што гостинот од Кривогаштани остана со играч помалку на теренот, а Атанас Таневски покажа на белата точка за домашниот тим.

Марјанчо Илов беше сигурен реализатор за отварање на резултатот од 1:0, а по една минута игра гостинскиот голман Димитар Нешкоски капитулираше уште еднаш за конечни 2:0 откако погоди Горан Цветков.


Питу Гули загуби на гостувањето во Чашка кај Башкими од Јаболчиште со 2:0. Двата гола беа постигнати во првиот дел отка

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ➖ ФК ПРЕВАЛЕЦ 12 10 1 1 49 8 +41 31
2 ➖ ФК БОРЕЦ 1919 АД 12 10 1 1 42 7 +35 31
3 ➖ ФК РОСОМАН-83 12 7 3 2 28 18 +10 24
4 ➖ ФК УЛТРАС 12 7 1 4 43 23 +20 22
5 ➖ ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 11 6 1 4 20 19 +1 19
6 ➖ ФК ПИТУ ГУЛИ 12 5 2 5 24 18 +6 17
7 ➖ ФК Бучин 12 4 3 5 16 25 -9 15
8 ➖ ФК МЛАДОСТ 1930 12 5 0 7 20 40 -20 15
9 ➖ ФК МЛЕКАР 12 4 1 7 20 26 -6 13
10 ➖ ФК Влазними Јуниор 12 4 1 7 17 26 -9 13
11 ➖ ФК БАШКИМИ 2008 12 3 3 6 19 18 +1 12
12 ➖ ФК ТОПОЛКА 12 2 2 8 8 29 -21 8
13 ➖ ФК ДРЕНОВО 2016 11 0 1 10 9 58 -49 1
14 ➖ ФК СЛОГА 1976 0 0 0 0 0 0 0 0


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со...

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!