Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Сподели
ФОТО: Ракометна федерација на Македонија
Сподели

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во Анкара на најдобар можен начин – со победа над Словачка (26-24) и заслужено освоено прво место. Нашите ракометарки запишаа две победи и едно реми, и целосно ја оправдаа улогата на тим кој е во силен подем пред продолжението на квалификациите за ЕП 2026.

Дуелот со Словачка беше најтежок на овој турнир, исполнет со пресврти и голема тактичка борба. Словачките ракометарки први ја наметнаа ритамот и стигнаа до почетна предност, но Македонија брзо ја стабилизираше играта и се врати во егал. Целото прво полувреме помина во минимални разлики, а на паузата резултатот беше изедначен – 12-12.

Во продолжението, избраничките на селекторот Кристијан Грчевски заиграа многу поагресивно во одбраната. Со пресечени додавања, сигурни интервенции на голот и брзи трансформации, Македонија се одлепи на +3 (15-12), во период кога противникот цели 11 минути не можеше да постигне гол.

Предноста од три до четири гола цврсто се држеше речиси до самиот финиш. Иако Словачка се доближи на 24-26 и имаше можност да ја намали разликата на само еден гол, македонската одбрана остана концентрирана, а Илиќ со уште една клучна интервенција го потврди триумфот.

ФОТО: Ракометна федерација на Македонија

Најефикасни кај Македонија беа Јована Кипријановска, која повторно ја презеде улогата на лидер во нападот, и Ризоска со шест гола. Гугуљанова се истакна со четири погодоци, додека Коцева, Гакидова и Јанкуловска внeсоa сигурни решенија во клучните моменти.

Македонија претходно ја совлада Турција (29-26) и ремизираше со Словенија (23-23), резултати што ја поставија како најконстантен тим на турнирот.

Следната задача пред „црвено-жолтите“ е двомечот со Белгија од квалификациите за Европското првенство 2026, каде што ќе влезат со голема самодоверба по одличните партии во Анкара.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Каменица Саса со убедлива победа над Дојранско Езеро на пријателски меч

Ланскиот второлигаш забележа висока победа на пријателскиот натпревар против Дојранско Езеро со резултат од 1:4. Во контролката која се играше покрај најмалото природно...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во...

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“,...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!