Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Сподели
ФОТО: РК Мулти Есенс | АРХИВА
Сподели

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна лига откако со 25:31 го доби Драчево Јуниор на гостински терен.

Тимот од Автокоманда одлично го отвори мечот откако имаше фантастични 1:9 по 14 минути игра, потоа домаќинот заигра подобро и успеа да стигна на минус три при 9:12, а потоа дојде и до минус два при 12:14, а на полувреме Мулти Есенс имаше предност од 13:16.

Во вториот дел гостинот не дозволи домаќинот да дојде до резултатски приклучок и одигра концентрирано за да нова резултатска предност која во 52. минута се искачи на плус десет при 18:28, а конечниот исход беше 25:31.

Најдобар кај Драчево Јуниор беше Филип Петровски со осум гола, а го следеше Александар Стојанов со пет погодоци, кај Мулти Есенс прво име беше Немања Џигеровски со 12 гола, а пак Христијан Гурмешевиќ имаше шест погодоци.

Мулти Есенс е втор со 22 бодови, два бода помалку од лидерот Младост, а пак Драчево Јуниор е трет со 18 бодови.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, откако во големото финале го совладаа Вардар со 29-27 и по...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во...

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“,...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!