Младински фудбалФудбал

Работнички останува лидер во Кадетската лига

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Кадетите на Работнички влегуваат во последното коло од есенскиот дел како водечки тим во лигата, со освоени 38 бодови и предност од три бода пред најголемиот конкурент Вардар. Третопласирана е Македонија ЃП со 34 бодови по 14 одиграни рунди, додека во водечката петорка се пласирани уште Пелистер со 31 бод и АП Брера со 29.

Работнички беше убедлив со 6:0 против Тетекс – стрелци на головите беа Омер Идризи, Леон Ангелески, Јован Миленковски и Давид Лиотоски, додека Матеј Ѓерасов двапати ја затресе противничката мрежа. Вардар приреди уште поубедлив триумф совладувајќи ја Струга Трим Лум со високи 10:0. Хет-трик запиша Коста Бошковски, по два гола даде Стефан Јордановски, а во листата на стрелци се впишаа и Петар Блажевски, Андреј Цветановски, Влатко Кркачоски, Лука Георгиоски и Админ Абдула.

Македонија ЃП со минимални 1:0 го доби дуелот со Охрид Лихнидос, со гол на Лука Даниловски во 63. минута. Со ист резултат славеше и Пелистер против Скопје, додека АП Брера беше сигурен со 4:0 во мечот со Арсими. Шкендија во Тетово ја совлада Брегалница со 1:0, Њу Старс како гостин го победи Шкупи со 2:0, а единствениот дуел без победник беше ремито 3:3 меѓу Тиквеш и Башкими.

Есенскиот дел ќе биде заокружен овој викенд. Лидерот Работнички гостува кај Скопје, Вардар патува во Требош на дуел со Арсими, а Брегалница во Штип го пречекува третопласираниот состав на Македонија ЃП. Струга ТЛ игра на домашен терен против Пелистер, додека АП Брера го очекува гостување кај Башкими во Куманово. Очекувањата се дека последната рунда ќе донесе голема неизвесност и борба за секој бод во врвот на табелата.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе...

Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!