ФудбалФутсал

Каршиака го „тресна“ тимот од Кочани, Црна Река пресилна, прв „кикс“ на лидерот Железарец во Свети Николе

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Шестото коло на Втората футсал лига го донесе првиот „кикс“ на лидерот Железарец, откако во Свети Николе одигра 3:3 против Овче Поле.

Дуелот на двата поранешни прволигаши го одбележа два автогола. Гостинот стигна до предност по седум минути кога погоди Петре Даиловски за 0:1, а во 15. минута Дејан Кајсторовски си постигна автогол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел домашниот тим стигна до 3:1 што значеше комплетен пресврт. Давид Бојковски и Стефан Трендафиловски беа стрелци.

До крајот на мечот во 28. минута Даиловски со втор гол намали на 3:2, а пак Марио Јанев во 33. минута си постигна автогол за конечни 3:3.

Каршиака со убедливи 5:1 го декласираше тимот на Фудбал Старс од Кочани на домашен терен. Фуркан Ќани го отвори резултатот во 8. минута за 1:0, а по две минути Славче Живков погоди за 1:1. до крајот на првиот дел Нехат Емини и Ќани со втор гол обезбедија 3:1.

Во второто полувреме Енис Мемеди и Хамза Садики беа творци на високата победа од 5:1.

Конзули однесе висока и убедлива победа над Карадаку со 9:1. Марјан Јовановски и Виктор Гелевски постигнаа по три гола, Муса Веизовски, Темур Емини и Аднан Агушевски погодија за комплетирање на деветте гола, а за гостинот утешен гол постигна Шуајб Шекруја.

Натпревар со многу погодоци одиграа ССК Скопје и Партизан Југ од Брвеница, за славје на домаќинот од 9:7.

Стефан Богдановски постигна пет гола, двапати погоди Бранко Ѓуровски, а по еден гол постигнаа Спасе Здравевски и Реџеп Бислим.

За гостинот од Брвеница хет-трик имаше искусниот Даниел Радески, два гола беа дело на Марко Спироски, а по еден гол за Даниел Јандриески и Виктор Јовановски.


Ланскиот прволигаш Црна Река во Кавадарци со 10:4 го декласираше СЕЕ Университи. Петар Ристовски постигна хет-трик, двојни стрелци беа Станоев и Петковски, а по еден гол постигнаа Соколов, Димов и Василов.

За гостинската екипа Едис Муртезани имаше хет-трик, а еден гол беше дело на Хисен Мемеди.

На првото место останува Железарец како единствен непоразен тим со 16 бодови, втора е Каршиака со 12 бодови, трета е Црна Река со 11 бодови, на дното Карадаку без бодови.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!